| четврток, 6 декември 2018 |

Лејди Гага: Елтон Џон ме спаси од дрогата

lejdi gaga

Лејди Гага, која е кума на двата сина на Елтон Џон, сфатила дека има потреба од помош откако пијана паднала за време на свадбата на братот на нејзиното момче Тејлор Кини.

– Се опијанив и заспав на ливадата за време на церемонијата. Тоа беше посебен момент, а јас направив таква глупост. Како да го имав загубено разумот –  изјавила таа за весникот „Сан“ во Лондон.

Нејзиниот пријател Елтон Џон, кој исто така водеше долгогодишна борба со дрогата, ѝ помогнал да се избори со проблемот, ја опоменал да престане да пуши толку многу марихуана.

– Не е лесно да си пријател со луѓе кои имале проблеми со дрогата и алкохолот, каков што е Џон. Тој ми рече јасно и прецизно дека премногу пушам. Тој ме спаси … Сега сум чиста. Понекогаш, само кога сум на сцена – вели Лејди Гага.

download

Двете ѕвезди се пријатели долги години. Во 2010 година тие се појавија заедно на церемонијата за доделување на наградите „Греми“. Во 2001 година, пејачката му стана кума на синот на сер Елтон Џон, Закари, а во 2013 година Елтон заедно со својот сопруг Дејвид Ферниш повторно не се двоумеше да ја замоли да го крсти и тримесечниот Илајџа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top