| четврток, 6 декември 2018 |

Мадона во врска со оперски пејач

0902

Позната ни е слабоста на Мадона кон помлади мажи, главно танчари и модели. Но овој пат пејачката одлучила да избере позрел маж, а според гласините тоа е германскиот оперски пејач Јонас Кауфман.

56-годишната пејачка и оперски пејач се сретнале за време на изложба во Лондон, каде што Кауфман бил поканет да пее.

Неодамна поп-ѕвездата раскина со танчарот Тијмор Стивенс, кој за  американски таблоид изјави дека му се допаѓаат жени на возраста на мајка му, што најверојатно имало влијание на одлуката на Мадона да се разделат.

Јонас има 45 години и е поблиску до годините на Мадона, што може  да биде добра предуслов за долготрајна врска, но ќе видиме дали е така.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top