Последниот натпревар од 12. коло во Премиерлигата го одиграа Астон Вила и Саутемптон. Вила седум натпревари не знае за победа, а „светците“ врзаа пет победи во низа.
Гостите својата низа не успеаја да ја продолжат, но ниту домаќините не дојдоа до победа бидејќи мечот заврши со резултат 1-1.
Домаќините поведоа со голот на Агбонлахор во 29. минута и предноста ја имаа до самиот финиш на натпреварот кога Клајн успеа да го спаси својот тим од пораз и да го постави конечниот резултат.
Астон Вила со овој бод се израмни со Кристал Палас на 15. позиција, додека Саутемптон има шест бода помалку од лидерот Челси и еден повеќе од третопласираниот Сити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џон Тери за да не ги навреди навивачите на Челси, ќе игра во Чемпионшип
-
Пет меча без победа за Манчестер јунајтед, Ромеро спаси бод (видео)
-
Челси со победата над Саутемптон чекор поблиску до титулата (видео)
-
Адам Џонсон: Барем да ја силував девојката па да не ми е криво дека лежам шест години затвор