| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската партија во Албанија ја завцрстува својата структура во Подградец

Денеска во Поградец, се одржа втората Изборна Конференција на Општинскиот Комитет на Поградец на партијата Македонска алијанса за европска интеграција.

На Изборната конференција на која учествуваше и Едмонд Темелко претседател на партијата Македонска алијанса за европска интеграција беше

разгледана досегашната работа на Општинскиот Комитет на Поградец на (М.А.Е.И), и се гласаше за избор на претседател, потпретседател, секретар и членови во Извршниот одбор.

Конференцијата,  за претседател, едногласно го избра Петре Тодоровски, кој досега ја вршеше должноста секретар на Општинскиот Комитет Поградец на Македонска алијанса за европска интеграција. За потпреседател беше избран Ставре Спировски, додека за секретар беше избран Сокол Шкмби.

Македонска алијанса за европска интеграција се подготвува за престојните парламентарни избори во Албанија кои треба да се случат на 23 јуни 2013 година и е во фаза на реорганизација и одржување на нејзиниот втор Конгрес, кој треба да се одржи кон крајот на месец април 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top