Целта на мисијата на Обединетите нации брза реакција на епидемијата за запирање на проширувањето на еболата до 1. декември нема да биде исполнета, изјави шефот на мисијата Антонии Банбари.
Целта беше поставена од ОН во септември. Тогаш мисијата на ОН објави дека до 1. декември 70 проценти од заразените ќе бидат подложени на лекување, а 70 отсто од починатите ќе бидат погребани.
– Но поради ширењето на еболата во Сиера Леоне целта нема да биде постигната и покрај тоа штоо е забележан напредок во борбата со болеста во Либерија, се истакнува во соопштение на мисијата на ОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


