| четврток, 6 декември 2018 |

Британците „за“, Германците „против“, Французите „не знаат“- Анкета за поддршката против ИД

evropaМнозинство Британци поддржуваат воздушни напади врз припадници на Исламска држава во Ирак и Сирија додека две третини анкетирани во Германија се против нивната држава да земе учество во меѓународната воена операција против џихадистите. Анкетата на британската компанија за истражување на јавно мислење ИЦМ, покажува дека 65 отсто од Британците поддржуваат воздушни напади на меѓународната коалиција против ИД во Ирак и Сирија.

Во Германија само 35 отсто испитаници даваат поддршка за таквата акција што ја предводат САД.

Во Франција 19 отсто не знаеле како да одговорат на тоа прашање што е најголем број неопределени во вкупниот број анкетирани во трите држави каде е спроведена анкетата.

Мнозинството Британци се изјасниле дека поддржуваат спроведување копнена воена операција против џихадистите од ИД, во Франција таа опција ја поддржуваат 41 отсто додека во Германија три четвртини биле против таква операција.

Анкетата покажува дека вкупно 60 отсто испитаници во тие три држави стравуваат дека учеството на нивна армија во меѓународните операции против ИД ќе предизвика зголемени закани на радикалните исламмисти во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top