| четврток, 6 декември 2018 |

„Не Ви е местото во Европарламентот“ порака до Папата од францускиот „Фронт на левицата“

jpg_mc3a9lenchon-h-20-1186401-1209310492Францускиот европратеник Жан-Лук Меланшон и лидер на Фронтот на левицата (ФДГ) пред утрешното доаѓање на папата Франциско во Стразбур, испрати отворено писмо до понтифот во кое го изразува неговото несогласување со неговото доаѓање.
– Господине Папа, вашето место на трибината на Парламентот не може да биде прифатено во рамките на официјална сесија на нашето Собрание, пишува Жан-Лук Меланшон.
– Тоа е невозможно поради нашата републиканска дефиниција на едно собрание на пратеници од суверен народ. Вие ја имате мудроста и културата која ќе ви дозволеше да предвидите дека многумина од нас ќе бидат навредени од такво непочитување на правилата на лаицизмот, што се неопходни во Европскиот парламент, кој ги и опфаќа Французите чиј закон забранува вакви конфузии, ја појаснува својата позиција францускиот европратеник.
Меланшон понатаму пишува дека тој поволно ги примил „отворените критки за доминацијата на парите во општеството“, што ги изрече папата, но исто така бил „повреден“ од „некои негативни опции“.
– Мислам на тоа што вие го правите против правото за абортус, користењето на контрацепцијата, како и во другите области. Правото да се избере да се згасне или не светлината на својот живот, помогнато од рака која го олеснува актот. Или тоа што сте вие протов правото на граѓански бракови на лицата од ист пол, ги реди забелешките лидерот на француската екстремна левица.
Утре папата прво ќе зборува пред европратениците, а потоа во Советот на Европа пред претставиците на неговите 47 земји-членки. Ова е најкратка посета на еден папа во странство, таа ќе трае само неколку часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top