| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен Богиќевиќ заради банкарски малверзации

miroslav-bogicevic-farmakom-mbСрпската полиција го уапси сопственикот на компанијата „Фармаком“, Мирослав Богиќевиќ, поради малверзации при подигнување кредити од банките. Богичевиќ се доведува во врска со бизнисменот Горан Перчевиќ, упасен пред десетина дена под исто обвинение.

Перчевиќ, поранешен функционер на владејачката Социјалистичка партија на Србија и „Бизнисмен на годината“ во Србија во 2012-та, се товари дека заедно со Богиќевиќ и со некои политичари земале кредити од „Српската банка“ во износ од неколку милиони евра, а како гаранција оставиле јаловина. Богиќевиќ е уапсен врз основа на истргата за кредитите што ги подигнал од „Привредна банка“, средства, кои според „Вечерње новости“, завршиле на Кипар. Постојат сомнежи дека Богиќевиќ на банките им должи над 450 милиони евра, на деловни партнери речиси 41,5 милиони евра, а на српската Даночна управа – 13 милиони евра.

Богиќевиќ беше споменуван и како еден од најголемите должници на „Универзал банката“, која пропадна на почетокот на годината, а пред неколку месец беше обвинуван и за истекување на токсична јаловина од затворениот рудник „Столице“, кој е во сопственост на неговата компанија.

Овој бизнесмен на пошироката јабност и е познат како сопственик на „Фабриката за акумулатори Сомбор“ и на „Млекарата Шабац“, а во минатото се споменуваше и како потенцијален купувач на издавакото претпријатие „Политика“, како и на фудбалскиот клуб „Партизан“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top