Таа можеби двапати e постара од Селена Гомез, но покажа дека може да ги засени помладите пејачки со стил и со гламур.
Џенифер Лопез била бисерот на Американските музички награди, кои се доделуваа викендот во Лос Анџелес.
45-годишната пејачка ги покажа убиствените плочки, во стилски бледорозов фустан на „Рим Акра“ и тенки потпетици во иста боја. Иако не освои ниту едно признание, таа го заслужи восхитот на гостите и на колегите, со нежниот изглед и со кралскиот шарм.
Таа несомнено влегува меѓу најдоброоблечените ѕвезди на вечерта и со изборот на облеката категорично покажа дека може да се биде неодолива и без да се демонстрираат интимните делови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Разводот и годи: Познатата актерка никогаш не изгледала подобро!
-
Му ја украде жената на пријателот: Само седна крај мене без срам и така се почна!
-
Настапот пред кој замолкна светот: 11 годишно девојче одушеви во новото шоу „World of Dance“ (Видео)
-
Ќерка му ужива во луксуз, а тој поради секта, банкротираше!