Џихадистите од самопрогласената Исламска држава во неделатаобјавија ново пропагандно видео од детски воен камп во Казахстан, во кој децата се подготвуваат за воениот фронт. Во кампот децата одат на училиште, учат борачки вештини и како да пукаат со оружје.
Децата ги учат правилата на ИС, нивните уверувања и верувањата дека тие се муџахедини на утрешнината. Иако мали, тие веќе зборуваат дека се подготвуваат да обезглавуваат неверници и се закануваат дека ќе ги убијат сите што не ја делат нивната идеологија.
Во училиште ги подучуваат паролите на ИС, шеријатот и тоа дека западот им го труе мозокот.
Во видеото е прикажана воената обукa низ која поминуваат децата. Сите носат маскирни униформи, а еден покажува колку брзо може да ракува со митралез. Децата се прикажани и во тактички формации, како и во вежбална во која вежбаат боречки вештини. Меѓу нив е и едно момче, кое нема повеќе од четири години.
На прашањето што прават и што планираат да работат во иднина, децата велат дека ќе бидат муџахедини и порачуваат дека ќе ги заколат сите неверници.
Се проценува дека на ИС и се приклучиле околу 300 луѓе од Казахстан, од кои половина жени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)