| четврток, 6 декември 2018 |

Ресенка уценувана со непристојно видео

Ресенчаните Г.Т.(33) и Б.О.(45)  заработија кривични пријави за уцена.  

Имено, првопријавениот минатиот месец ја пресретнал оштетената во близина на нејзиното работно место во Ресен и со закана по безбедноста на нејзините деца ја принудил да влезе во возило кое било управувано од страна на второпријавениот. Откако оштетената влегла во возилото, Б.О. ја однел на непознато место и, според исказот, таа не се чувствувала добро и не се сеќавала на настанот.

Околу две недели по настанот на работното место на оштетената дошол Г.Т. и покажал видеоснимка од неа во возилото и со закана дека ќе ја покаже истата на нејзиниот сопруг и девер, а потоа дека ќе ја постави на интернет, ја принудил да обезбеди 2.000 евра.

Оштетената обезбедила заем и два пата на првопријавениот му исплатила по 1.000 евра. Неколку дена потоа повторно дошол првопријавениот со уште едно непознато лице и на оштетената ѝ кажал дека треба да обезбеди уште 2.000 евра.

На 20 ноември настанот бил пријавен во ПС Ресен, за што веднаш се преземени мерки и се обезбедени докази за расчистување на настанот. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top