Традиционално, на крајот од годината се избираат најдобрите спортисти.
Меѓународната федерација на професионални фудбалери во соработка со ФИФА го објави списокот од пет голмани што ќе конкурираат во тимот на годината во светот.
Тие го избираат иделниот состав во сите линии на тимот почнувајќи од голманот.
Во списокот од 55 фудбалери кои Меѓународната федерација на професионални фудбалери ќе ги соопшти на 1 декември се најдоа пет голмани.
Повеќе од 10 илајди фудбалери низ светот ќе достават својот предлог за еден голман, четири дефанзивни фудбалери, три од средината на теренот и за тројца напаѓачи.
Денеска се објавени имињата на петте голмани што влегоа во потесен избор, на 26 ноември ќе биде претставена листата на одбранбените играчи, два дена подоцна на играчите од средината на теренот, додека конечната листа сосе напаѓачи ке биде објавена на 1 декември.
На листата на голмани се најдоа:
1. Мануел Нојер (минатогодишен победник)
2. Клаудио Браво (дебитант)
3. Тибо Куртоа (дебитант)
4. Икер Касилјас (петпати по ред освојувач од 2008-2012)
5. Џанлуиџи Буфон (двапати победник и едниствен од сите активни фудбалери што се меѓу кандидатите од 2005 година)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.