СВР Скопје поднесе кривична пријава за И.Л.(18) од Скопје за сторени кривични дела разбојничка кражба и разбојништво.
На 24 октомври, околу 13.30 часот на ул. „Димитрија Чуповски“ во скопската населба Центар, во автобус на ЈСП број 22 пријавениот му одзел мобилен телефон на малолетник и му рекол дека ќе му го врати по излегувањето од автобусот. Откако се симнале од автобусот, И.Л. му побарал пари за да му го врати мобилниот телефон, но откако малолетникот одбил, пријавениот го нападнал и му го одзел блузонот кој го носел в раце.
На 7 овој месец, пак, околу 17.15 часот на истата улица на автобуската постојка „Рекорд“ со употреба на физичка сила и закана со боксирач му одзел мобилен телефон на друг малолетник.
Од страна на судија од претходна постапка на пријавениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.