Операторот „Вип“ го најави отворањето на реновираниот продажен салон во ГТЦ со концепт проблизок до корисниците, кое ќе се случува оваа среда, 26 ноември.
Уреден во согласност со новиот концепт кој е целосно приспособен да одговари на потребите и на барањата на корисниците, естетски и функционално, продажниот салон на „Вип“ во ГТЦ в среда ќе ги отвори вратите за сите посетители, при што единствено на денот на отварање и единствено во овој продажен салон, на корисниците ќе им понуди специјални изненадувања – паметни телефони по промотивна цена од 0 денари во тарифата „вип 666“ со договор на 24 месеци.
Продажниот салон на „Вип“ во Градскиот трговски центар е првиот отворен салон на „Вип“ пред повеќе од седум години. Со реновирањето на овој салон на корисниците и на посетителите ќе им се понуди посовремен дизајн и кориснички пристап. Салонот е уреден со автентични елементи кои на посетителите ќе им понудат удобност и задоволство при секоја посета на салонот. За ентериерното уредување на продажниот салон користени се природни материјали, кои ќе им обезбедат на корисниците чувство на топлина и удобност при извршувањето на своите потреби за неограничена комуникација. Свртеноста на „Вип“ кон локалната заедница се огледува и во фактот што најголемиот дел од користените материјали се од домашно производство.
Редизајнираниот салон на „Вип“ во исто време ќе им понуди на корисниците и на агентите за продажба поголема непосредност и блискост при остварување на контактите, додека редефинираниот модел на изложување на производите на „Вип“ ќе им ги направи подостапни и попрегледни новитетите, кои „Вип“ ги нуди за нив.
– Ми претставува особено задоволство, што токму најпосетениот и прв „Вип“ продажен салон, е местото каде што воведуваме еден нов и уникатен концепт, кој секако се темели на нудење на единствено корисничко искуство и овозможува целосен фокус кон корисникот. Целосно сме посветени да им го понудиме најдоброто на корисниците на уште потранспарентен и понепосреден начин. Ги поканувам сите корисници во среда да го посетат реновираниот продажен салон во ГТЦ и дополнително да уживаат во новото корисничко искуство и во промоцијата со која „Вип“ ќе ги пречека во новото опкружување – изјави Гернот Раш, главен маркетинг-директор на „Вип“.
До среда, 26 ноември, ќе биде во функција пултот на „Вип“ поставен во ТЦ „Соравија“ на приземје, кога во 8.00 часот наутро вратите за корисниците ќе ги отвори реновираниот продажен салон на „Вип“ во ГТЦ, на добро познатата локација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Министерството за животна средина купи телефонска централа која може да ја снима фиксната телефонија
-
Маглава ги стори ВИП невидливи – Цела Македонија нема ниту интернет ниту телефонија
-
Не полнете ги мобилните телефони преку ноќ: Овој човек го држел телефонот на полнач цела ноќ, плати со живот
-
Децата на Билј Гејтс добиле паметни телефони дури на 14 години



