| четврток, 6 декември 2018 |

Членови на ЛДП преминаа во ВМРО-ДПМНЕ

Незадовлни поради затвореноста на раководството и најмногу поради поврзаноста на ЛДП кон политиката на СДСМ, членови на оваа партија денеска ја напуштија Либерално-демократската партија и преминаа во ВМРО ДПМНЕ.

-За жал, по големата и макотрпна работа гледаме дека ЛДП станува приврзник на СДСМ и нем спроведувач на нивните зацртани цели, без програма, без агенда, туку само слепо и послушно. ЛДП наместо либерална партија, почна да наликува на комунистичка партија, но не како во Данска и Шведска, туку како во Кина и Северна Кореја, велат разочарните членови на ЛДП.

04

-Преминуваме во ВМРО-ДПМНЕ затоа што препознаваме квалитет, скромност, отвореност, место каде имаме подадена рака да дејствуваме и твориме, затоа што Програмата која ја имаат е многу блиска до нашите цели. Ние сме подготвени да работиме за остварување на тие цели, велат членовите кои преминаа во ВМРО-ДПМНЕ.

Тие истакнаа дека својата поддршка ќе ја дадат на носителот на советничката листа на Кисела Вода Трајче Донев и кандидатот за градоначалник на општината Билјана Беличанец- Алексиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top