Истражувачите од Универзитетот во Пекинг ја пронајдоа врската меѓу еден многу специфичен ген, нашата можност да се чувствуваме среќно и капацитетот за среќна врска.
Тимот ја проучувал импликацијата на генот 5-HT1A, кој го контролира хормонот за среќа – серотин, пишува „Елит дејл“.
Генот има две варијации, луѓето со две копии на Ц варијацијата произведуваат повеќе нивоа на хормонот во споредба со оние кои имаат две копии Г варијанти.
Во текот на студијата, 579 кинески студенти биле подложени на генетско тестирање кое покажа значајни врски меѓу нивните варијации на гените и љубовниот статус.
Повеќе од 50 отсто студенти кои имале две копии Ц варијации се опишале себе си како вљубени, додека 39 проценти од нив кои имале комбинација на ЦГ или ГГ имале партнери.
Истражувачите побрзаа да ја разјаснат варијантата на генот кој претставува само еден отсто од причините зошто некои луѓе се подобри во љубовта и врската отколку останатите.
Со оглед на тоа дека варијантата Г значи помалку серотонин и почесто менување на расположението, ова откритие има смисла.
– Имајќи предвид дека песимизмот и неурозата се штетни кога е во прашање стабилноста на врската, поврзаноста меѓу Г варијацијата и психолошките нарушувања може да ги намали шансите на носителите кога се во прашање резултатите од романтичните врски – вели Ксијалин Зу, еден од водачите на истражувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.