Дали некогаш сте посакале да отидете некаде далеку, многу далеку, каде нема никој жив и каде би биле потполно сами?
Ако да, тогаш голема е веројатноста да сте натпросечно интелигентни, барем така тврди едно истражување.
До овој заклучок дошле научниците од Универзитетот за менаџмент во Сингапур и Универзитетот за економија и политика во Лондон, чија главна идеја била да најдат поврзаност меѓу местото каде живеат луѓето и колку се задоволни со животот.
Резултатите покажале доста интересна работа – колку е поголема интелигенцијата кај луѓето кои живеат во големите градови, толку се помалку среќни. Додека поголемиот дел од луѓето се задоволни да бидат покрај своите пријатели и опкружени со многу луѓе, високо интелигентните личности најдобро се чувствуваат кога се сами.
Зошто се случува тоа?
Научниците тврдат дека ние се чувствуваме непријатно во поголеми заедници, бидејќи нашиот мозок сè уште е еволуциски прилагоден на работа во група со максимален број на членови од 150 луѓе. Па, колку е личноста попаметна, толку помалку удобно се чувствува во големите групи.
Но, тоа не значи дека интелигентните се несреќни покрај другите, туку дека пронаоѓаат мир во самотијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.