Австралиските и дански научници, кај еден вид на цилиндрични црви кои делат со човекот дури 80 отсто од гените, откриле важен ген кој е одговорен за чувството на ситост, кој би можел да користи во развојот на метода за борба против дебелината, посебно во спречувањето на потребите за прејадување.
Генот, наречен “ETS-5” ги контролира знаците кои мозокот ги испраќа до дигестивниот систем и промовира чувство на ситост, но и потребата за спиење или потребата за вежбање после конзумирање на храна – објаснуваат научниците.
– Сличен регулаторен ген постои и кај човекот, а откритието би можело да го отвори патот за создавање на молекула која би можела да помогне при контрола на дебелината со намалување на апетитот и активирање на желбата за физичка активност – објаснува еден професор од Универзитетот во Австралија.
– Кога желудникот складира доволна количина на масти, мозокот прима порака која му сигнализира да престане да се движи, поттикнувајќи ја фазата на поспаност. Ако црвот не е сит, продолжува со движење. Кога животните се гладни, бараат храна наоколу лутајќи. Но кога се сити немаат потреба од потрага, желудникот складирал доволна количина на масти, што ги поттикнува на спиење. Со оглед на фактот дека црвите делат 80 посто од гените со луѓето, се одличен модел за истражување и подобро разбирање на процесот како метаболизмот и различните болести кои се јавуваат кај луѓето – додава тој.
Научниците ја откриле улогата на генот “ETS-5” со анализа на невроните во мозокот на цилиндрични црви, а потоа ја контролирале нивната реакција по земањето на храна.
Тие откриле дека исхраната богата со хранливи материи во мозокот на црвите, како и кај цицачите поттикнува поинаква реакција од храната сиромашна со хранливи материи. Кај цицачите конзумирањето на богата храна со масти и шеќери го поттикнува апетитот, а тоа често води кон прекумерна тежина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.