| четврток, 6 декември 2018 |

ДПМ ќе одбележи 80 години од раѓањето на Петре М. Андреевски

 Друштвото на писателите на Македонија со свечен собир в среда (26 ноември), во 12 часот, ќе ја одбележи 80-годишнината од раѓањето на големиот македонски писател Петре М. Андреевски. За творештвото на Петре М. Андреевски ќе зборува поетот, литературен критичар и есеист Раде Силјан, претседател на Собранието на ДПМ, а стихови од култната стихозбирка „Дениција“ ќе кажуваат артистот Борче Начев и Александра Велинова.

Петре М. Андреевски (1934 – 2006) е претставник на третата генерација современи македонски писатели. Како поет, раскажувач, романсиер и драмски писател создаде значаен опус, бележејќи еден од магистралните текови во развојните процеси на македонската литература. Неговите стихозбирки „Дениција“, „Пофалби и поплаки“ и „Вечна куќа“, збирките раскази „Седмиот ден“ и „Неверни години“, и романите „Пиреј“, „Скакулци“ и „Последните селани“ се одликуваат со високи естетски стојности.

Петре М. Андреевски беше член на Друштвото на писателите на Македонија од 1964 година. Во еден мандат беше претседател на ДПМ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top