Починал Зоран Костадиновски, четвртообвинет во случајот „Шпион“. Тој е погребан на гробиштата во Драчево, објави „Нова“.
Костадиновски починал на 49-годишна возраст, а беше вработен во Управата за безбедност и за контраразузнавање.
По три месеци зад решетки, поради лошата здравствена состојба, притворот му бил заменет со домашен, а на претпоследното судење во случајот „Шпион“ поради крајно влошена здравствена состојба, судот решил да ја издвои постапката за него и да му суди во одвоена постапка.
Костадиновски како вработен во УБК бил задолжен за албанското прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.