Во дербито на вечерта Мемфис уште во првото полувреме имаше предност од плус 13, што беше јасно дека ќе забележи нов триумф. Незапирлив на паркетот беше Марк Гасол, кој постигна 30 поени и 12 скока, а него го следеа Ли со 13 и Ален со 12 поени. Кај гостите, Пол уфрли 22 поени, додека Крафорд натпреварот го заврши со 19 поени.
Повредите на најдобрите играчи може скапо да ја чинат Оклахома, па дури и плејоф. Без Дурент и Вестбрук, Тандерс забележаа уште еден пораз овој пат од Голден стејт со резултат 91-86. Кај победникот брилијантна партија пружи Спејтс со 28 поени, а Томпсон постигна 20 поени. Ѕвездата на тимот Кари застана на 15 поени, што е далеку од неговиот просек. Со овој пораз Оклахома го презеде фенерот на Западот.
Кошаркарите на ЛА Лејкерс се поразени дури во продолжение од Денвер на свој терен со 101-94. Во регуларниот дел средбата заврши 86-86. Коби Брајант со 27 поени беше најефикасен на теренот.
Резултати:
Бостон – Портланд 88:94
Мемфис – Клиперс 107:91
Лејкерс – Денвер 94:101 (ПП)
Оклахома – Голден стејт 86:91
Мајами – Шарлот 94:93
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.