| четврток, 6 декември 2018 |

Мојсовски во идеалниот тим, цепелинот на Вардар во топ 5 (видео)

Наумче Мојсовски се разбуди и го предводеше Металург до првата победа во Лигата на шампионите, а со индивидуалниот ефект од 11 гола погодоци го заслужи местото во идеалниот тим на шестата рунда.

Мојсовски е најдобар лев бек на колото, а со него во идеалниот тим се Цајц, Хансен, Гајиќ, Сигурдсон, Стојковиќ и голманот Сиера.

Во најдобрите пет потези на колото се најде и прекрасниот цепелин на вардарци во Унгарија во финишот на дуелот со Веспрем. Вардар загуби од унгарскиот првак, а за утеха е потегот број два на листата со пет најатрактивни потези што можете да ја видите овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top