Членот на Државната изборна комисија (ДИК) од Демократската партија на Албанците, Бедредин Ибраими, денеска ја напушти седницата на комисијата, поради како што рече, одлуката на Управниот суд, кој вчера одлучи да ги поништи одлуките на Општинските изборни комисии од Струга и Кичево со кои тие не ги прифатија заедничките советнички листи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за овие општини.
– Ова е атентат врз локалните избори – изјави Ибраими.
Државната изборна комисија денеска врши ждребување на гласачите ливчиња на партиите и коалициите кои доставија кандидатски листи во пролонгираниот рок до 8 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.