| четврток, 6 декември 2018 |

Манчини се врати на клупата на Интер за бод во градското дерби (видео)

Тимовите од Милано гигантите Милан и Интер вечерва го одиграа градското дерби на „Сан Сиро“ во серија А лигата. На клупата на „нероаѕурите“ се врати Роберто Манчини кој го замени Валтер Манцари кој доби отказ.
Двата тима освоија по бод бидејќи одиграа нерешено 1-1.

AC Milan - Fc Inter

Милан прв поведе преку Жереми Менез кој одлично се снајде во казнетиот простор на Интер по асистенцијата на Еј Шарави во 23 минута. Интер во овој период од играта промаши колосална шанса за водство, но Икарди не ја искористи и разултатот остана 1-0 до крајот на првото полувреме.

AC Milan - Fc Inter

Во вториот дел Интер тргна поофанзивно, но без некоја стоотстотна шанса. Во 60 минута Оби успеа да го израмни резултатот по грешката на Запата кој кратко ја одби топката до интеровиот играч, а овој со удар од далечина го изненади голманот на Милан Диего Лопез кој се чинеше дека може да ја скроти оваа топка.

AC Milan - Fc Inter

До крајот на мечот Ел Шарави можеше да стави точка на овој меч и да и донесе на својата екипа три бода. Сам се најде очи в очи во голманот на Интер Хандановиќ но силно ја шутна топката и таа удри само во пречката и замина во голаут.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top