Лидерите на косовските ДПК и ДСК, Хашим Тачи и Иса Мустафа разговарале околу забрзување на активностите за конституирање на институциите на Косово.
Следниве денови работните групи на Демократската партија на Косово и на Демократскиот сојуз на Косово интензивно ќе работат на заокружување на политичкиот договор и усогласувањето на идната програма на владата, се наведува во заедничкото соопштение на двајцата лидери
-финализацијата на договорот за владејачката коалиција меѓу ПДК и ДСК ќе биде остварена во следните денови. Исто така неделава ќе биде утврден датумот за следната седница на косовскиот парламент кога е бидат избрани органите и владата- се додава во соопштението.
Приштинските медиуми ја пренесоа изјавата на претседателката на конститутивната седница на парламентот, највозрасната пратеничка Фљора Бровина дека во собранието се подготвени веднаш да ја продолжат конститутивната седница. Како најверојатен датум се наведува 27 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


