| четврток, 6 декември 2018 |

Талат Џафери: Тие што сметаат дека не треба да бидам министер се заостанати во времето цела декада

Тие што сметаат дека е неспоива функцијата министер за одбрана со претходното мое искуство како командант во ОНА, покажува дека тие луѓе, односно тие поединци кои ја пропагираат оваа констатација, се заостанати во времето за најмалку една декада, истакнува Џафери во интервју за Радио Слободна Европа.

За Џафери непобитен е фактот дека во случувањата во 2001 година, бил командант во единиците на ОНА, но и дека настаните од 2001 година се завршени со потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

– По тој договор Собранието донесе два битни закона. Едниот беше Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и другиот беше Законот за амнестија на припадниците на ОНА. Тие два закона беа во склоп на Охридскиот рамковен договор и како такви овозможија да се пристапи кон примена и извршување на основните определби на Охридскиот рамковен договор за реинтеграција на сите оние припадници на ОНА кои можеа да се интегрираат во институциите на државата, вели Џафери.

Џафери во интервјуто вели дека може и емоционално и професионално да се носи со притисоците и дека нема пречка да ја врши функцијаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top