| четврток, 6 декември 2018 |

Хамилтон е новиот Ф1 шампион

Formula One Grand Prix of Abu Dhabi

Британскиот Формула 1 возач во редовите на Мерцедес Луис Хамилтон е новиот шампион во најбрзиот циркус на планетава откако денеска успеа да слави победа на последната трка од овогодинешниот шампионат возена за ГН на Абу Даби на патеката „Јас Марина“.

Formula One Grand Prix of Abu Dhabi

Иако стартуваше од второто место веднаш зад најголемиот конкурент за титулата неговиот клупски колега Нико Розберг, Хамилтон брзо после стартот го помина Розберг на првото место и до крајот на трката извозе сконцетрирано без грешка и заслужено се заќити со титулата. Ова е втор трофеј за Британецот откако беше шампион во 2008 година со болидот на Мекларен. Розберг беше преимпресиониран и направи неколу грешки и излетувања од стазата за на крај го заземе само 13 место.
Втор до целта извозе возачот на Вилијамс Фелипе Маса со заостанување од 2,5 секунди додека трет беше Валтери Ботас.

ГН на Абу Даби пласман:

1. Луис Хамилтон (Мерцедес)
2. Фелипе Маса (Вилијамс)
3. Валтери Ботас (Вилијамс)
4. Даниел Рикардо (Ред Бул)
5. Џенсон Батон (Мекларен)
6. Нико Хулкенберг (Индија Форс)
7. Себастиан Перез (Индија Форс)
8. Себастијан Фетел (Ред Бул)
9. Фернандо Алонсо (Ферари)
10. Кими Раиконен (Ферари)

Генерален пласман возачи:

1. Луис Хамилтон (Мерцедес) – 384 бода
2. Нико Розберг (Мерцедес) – 317
3. Даниел Рикардо (Ред Бул) – 238
4. Валтери Ботас (Вилијамс) – 186
5. Себастијан Фетел (Ред Бул) – 167

Генерален пласман коnструктори:

1. Мерцедес – 701 бод
2. Ред Бул – 400 бода
3. Вилијамс – 320
4. Ферари – 216
5. Мекларен – 181

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top