| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо: Никаква понуда за Чех нема пристигнато

Откако медиумите на островото шпекулираа со заминувањето на Петр Чех од Челси во јануарскиот преоден рок, и дека најсериозен кандидат е лутиот градски ривал Арсенал, се огласи менаџерот на Челси, Жозе Мурињо.

– Петр е фантастичен голман и многу го ценам. Тој сѐ уште не дошол кај мене да ми каже дека е незадоволен и дека сака да си оди. Кога е во прашање интересот од Арсенал, јас можам да потврдам дека никаква понуда нема пристигнато на мојата маса – изјави Мурињо.

Петр Чех го загуби местото меѓу стативите по доаѓањето на Тибо Куртоа со кого Челси не знае за пораз оваа сезона во Премиер лигата и е убедливо се наоѓа на првото место на табелата.
За услугите на Чех освен Арсенал заинтересиран е и италијанскиот гигант Милан.
Дали Петр Чех ќе ги смени клупските бои по десетгодишен престој во Лондон останува да видиме во јануарскиот преоден рок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top