| четврток, 6 декември 2018 |

Никако да му тргне на Леброн со Кливленд, нов пораз на домашен паркет (видео)

Синоќа во НБА лигата беа одиграни девет натпревари. На шест славеа гостите, а на три домашните екипи.

lebron dzejms

Една од тие гостински победи е и на лидерот во источната конференција Торонто кој убедливо славеше во Кливленд со 110-93.
Новиот состав на Кливленд кој има апсирации за шампионскиот прстен годинава, никако да одигра добар натпревар. Леброн Џејмс, Кевин Лав, Кајри Ирвинг ноќеска го доживеаа четвртиот пораз во низа.
Во победничката екипа која успеа да врзе четири победи се истакна Лу Вилијамс со 36 поени.
Как Кливленд лидер беше Кевин Лав со 23 поени, додека Ирвинг и Џејмс постигнаа по 23 односно 15.

Шампионот Сан Антонио го пречека Бруклин на домашен терен и го испрати со пораз. Триото Триото Паркер Леонард и Грин кои вкупно постигнаа 64 поени (Паркер 22, Ленард и Грин по 21), беа најзаслужни за четвртатата победа на Сан Антонио во последните пет дена.
Во проазениот состав Дерон Вилијамс даде 24 поени, а Мирза Телетовиќ 22.

Њујорк му го нанесе и 13-тиот пораз на тимот на Филаделфија на исто толку натпревари сезонава, кој останува единствениот без триумф во НБА лигата. Кармело Ентони ги предводеше Никс со 25 поени во победата од 91-83.

Резултати: Индијана – Феникс 83-106, Орландо – Мајами 92-99, Кливленд – Торонто 93-110, Њујорк – Филаделфија 91-83, Хјустон – Далас 95-92, Минесота – Сакраменто 101-113, Милвоки – Вашингтон 100-111, Сан Антонио – Бруклин 99-87, Јута – Њу Орлеанс 94-106.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top