Еден од загинатите во несреќата кога во Белград, БМВ слета во Дунав, е и Милош Јанковиќ (20) кој во време на несреќата се наоѓал во багажникот. Тој заедно со друштвото откако излегле од забава на Дорчол, се упатил кон БМВ- то на смртта на Душан Јовановиќ. Пред да влезат во автомобилот, заклучиле дека ги има шестмина и дека сите не можат да се возат со исто возило, до местото каде планирале да ја продолжат забавата.
-Другари, ако нема место, еве јас ќе одам во багажникот. Не е проблем- рекол Јанковиќ и легнал, по што го затвориле багажникот.
Јовановиќ со исклучително голема брзина влетал во Дунав. Возачот брзо излегол од автомобилот и испливал на површина, а малку подоцна испливале и Лука Вишниќ и Милица Јокиќ.
Полициските нуркачи во автомобилот ги нашле удавените Немања Антиќ и малолетната А.С.После неколу часа, извлечен е автомобилот од реката, а полицијата откако го отворила багажникот затекнала стравична слика.
-Удавеното момче до последен момент се обидувал да излезе од автомобилот. Тоа го заклучивме бидејќи со нозе го искршил едниот дел од задното седиште, обидувајќи се да најде излез од ситуацијата. Меѓутоа водата брзо продирала и момчето не се извлекло- рекол полициски извор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



