| четврток, 6 декември 2018 |

БМВ украдено во центарот на Скопје

Патничко моторно возило „БМВ 520“ со шведски национални ознаки е украдено синоќа на паркинг простор на улицата „Филип Втори Македонски“ во Скопје.

Како што информира денеска МВР, И.С.(34) го пријавил случајот во полиција синоќа во 23:40 часот. Според него, возилото е украдено во периодот од 19:45 до 23:15 часот.

Сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.500.000 денари. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top