| четврток, 6 декември 2018 |

Санирано свлечиштето во Кратово

свлечиште

Свлечиштето во Кратово е целосно санирано во рекорден период. За овој проект Владата одвои 58 милиони денари, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во Кратово кој вчера присуствуваше на завршетокот на работите на свлечиштето.

– Имав можност да се уверам дека на местото кое некогаш беше свлечиште и претставуваше проблем за граѓаните на Кратово, денес имаме санирана улица која е по сите стандарди, со две широки ленти и тротоари. Така што за граѓаните на Кратово го направивме она што им го ветивме. Кога се случи свлечиштето поради временските непогоди, ветивме дека ќе го санираме за 3-4 месеци и еднаш засекогаш ќе го решиме – рече Ставрески. 

Тој за време на вчерашната посета на Кратово имаше средби со градоначалникот Мите Андоновски, советниците и пратениците на кои се информирал за текот на реализацијата на останатите инфраструктурни проекти и вети поддршка за нови проекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top