Каталонскиот гигант Барселона вечерва убедливо на декласираше Севилја со 5-1. Централна фигура беше аргентинскиот фудбалер Лионел Меси кој постигна хек-трик и стана најдобриот стрелец во Примера дивизија во Шпанија.
Тој успеа да го симне од првото место на вечната листа легендарниот напаѓач на Билбао Телмо Зара со првиот гол кој го постигна вечерва во 21 минута на спектакуларен начин од слободен удар.
Меси кој е и рекордер во Лигата на шампионите и го дели првото место со иконата на Реал Мадрид, Раул сега е рекордер и во Ла Лига со 251 постигнат гол.
Во периодот од 72 до 78 минута аргентинскиот ас постигна уште два гола за убедлива победа на каталонците на „Ноу Камп“.
Нејмар беше стрелец во 49 минута и ја врати Барселона во водство по автоголот на Жорди Алба. Летното засилување Иван Ракитиќ игра се подобро и полека ги оправдува вложените средства. Тој успешно стрелаше во мрежата на својот поранешен тим во 65 минута.
Goal Lionel Messi – Barcelona 1-0 Sevilla – 22… by VideoGreen
(Own goal) Alba – Barcelona 1-1 Sevilla – 22-11… by VideoGreen
Goal Neymar – Barcelona 2-1 Sevilla – 22-11-2014 by VideoGreen
Goal Rakitic – Barcelona 3-1 Sevilla – 22-11-2014 by VideoGreen
Goal Lionel Messi – Barcelona 4-1 Sevilla – 22… by VideoGreen
Goal Lionel Messi – Barcelona 5-1 Sevilla – 22… by VideoGreen
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)