| четврток, 6 декември 2018 |

ДЛМ: Коџоман својот живот го посвети на уметноста

pochina-istaknatiot-makedonski-slikar-milosh-kodzhoman-198274

Друштвото на ликовни уметници на Македонија го изгуби својот голем Милош Коџоман. Комеморација по повод смртта на Милош Коџоман ќе се оддржи утре во Младинскиот културен центар во кино „Фросина“ во 11 часот. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта Бутел во 13 часот, а погребот ќе се изврши во 14 часот.

Почина во Скопје на 62 годишна возраст.

Милош Коџоман беше член на ДЛУМ од 1973 година. Во два мандата беше избран за претседател на Уметничкиот совет на ДЛУМ. Подолг период беше и во Управниот одбор на здружението, со што даде огромен придонес во неговиот развојот и креирање на новите културни политики на Друштвото.

Во 2008 година го добива највисокото државно признание наградата „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на културата и уметноста на Република Македонија. Коџоман својот живот го посвети на уметноста. Неговите дела ќе бидат сведоштво за неговиот исклучителниот талент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top