| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорѓиевски во Куманово вети спортски терен за две населби

Тој има проект за модернизација на градот според кој ќе се асфалтираат улиците од витално значење за жителите од населбата, а ќе се работи и на доизградба на канализациската мрежа

Зоран Ѓорѓиевски, кандидатот за градоначалник на Куманово од владејачката колација „За подобра Македонија“ на средба со жителите на населбата „Ајдучка чешма“ вети спортски терен за двете кумановски населби „Ајдучка Чешма“ и „Иго Тричковиќ“ и доизградба на улицата „300“ и „306“.

Тој има проект за модернизација на градот според кој ќе се асфалтираат улиците од витално значење за жителите од населбата, а ќе се работи и на доизградба на канализациската мрежа. Спортскиот терен ќе биде мултифункционален, а ќе го користат жителите од двете населби.

M4034S-4211

– Во програмата е предвидено и изградба и реконструкција на месни заедници во сите населби,каде што граѓаните непречено ќе имаат можност да комуницираат со локалната власт – изјави Ѓорѓиевски.

Поради потребите на жителите од овие населби,  се планира и изградба на локални гробишта.

Ѓорѓиевски го посети и пазарот каде се врши продажба на секундарни производи каде најави изградба на нов зелен пазар во населбата „Гоце Делчев“, а вети и чистење на реката Кумановка, но и инвестиции на кејот по сите стандарди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top