| четврток, 6 декември 2018 |

Лидерот на лозарите Љупчо Аризанов е во затвор

arizanov500

Лидерот на лозарите Љупчо Аризанов е во затворот во Гевгелија, објави весникот „Дневник“. Информацијата за весникот ја потврдиле блиски на претседателот на регионалниот Сојуз на лозари, Агротиквешија од Кавадарци.

Како што дознава „Дневник“ затворската казна изнесува три месеци а Аризанов веќе издржал околу месец. Таа се однесува на неплаќање по судска одлука која се однесува на приватниот живот на првиот лозар и нема никаква врска со лозарството и неговата лидерска позиција во Здружението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top