Во Могила, Новаци, Демир Хисар и Битола денеска ќе се одржат големи митинзи на владејачката коалиција „За подобра Македонија“ која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Првиот митинг ќе се одржи пред општинска зграда во Могила, каде ќе биде промовиран кандидатот за градоначалник, Славко Велевски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” за општина Могила. Потоа следи митингот во Новаци каде што кандидат за градоначалник е Лазар Котевски. Третиот митинг е во пред плато на Дом на култура во Демир Хисар, каде ќе биде промовиран кандидатот за градоначалник, Љупчо Блажевски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и колаицијата “За подобра Македонија” за општина Демир Хисар. На митингот ќе присуствува и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Во Битола, на плоштадот „Магнолија“ во 20,00 часот ќе биде промовиран кандидатот за градоначалник, Владимир Талески и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” за општина Битола. И на овој митинг ќе присуствува и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


