Германскиот Ф1 пилот Нико Розберг ја освои по-позицијата во денешните квалификации за големата награда на Абу Даби што се вози на патеката „Јас Марина“.
Тој денеска со време од 1:40.480 минути беше најбрз на квалификациите со предност од 200 делови од секундата се пласираше на првото место пред неговиот клупски колега од Мерцедес и најголем конкурент за титулата Луис Хамилтон.
Во последната трка за победа се освојуваат 50 бодови и тоа значи дека и покрај заостатокот од 17 бодови зад Хамилтон сеуште има шанси да ја освои титулата.
Од третата и четвртата позиција ќе стартуваат возачите на Вилијамс, Валтери Ботас и Фелипе Маса, а по нив следи дуото на Ред Бул, Даниел Рикардо и Себастијан Фетел.
За да ја освои титулата Луис Хамилтон треба да се пласира најмалку на второто место во случај на победа на Розберг.
Трката се вози утре со почеток од 14 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.