| четврток, 6 декември 2018 |

Нов случај на ебола во Мали

ebola-congo

Мали денеска го потврди новиот случај на заразен со вирусот на хеморагична треска – ебола и притоа информира дека се следат уште двајца пациенти.

Болеста во оваа земја веќе зеде седум жртви.

Пациент, кој покажа позитивни лабораториски резултати, веднаш беше ставен во изолацискиот центар за интензивни грижи, се наведува во владиното соопштение, цитирано од американските медиуми.

Медицинските власти во Мали набљудуваат вкупно 310 лица, во обид да го ограничат ширењето на заразата во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top