Унгарскиот преставник и еден од најдобрите тимови во Европа Веспрем е домаќин на Вардар во шестото коло од Лигата на шампионите. Во првото полувреме буквално до декласираа македонскиот преставник и водат со високи 16-10.
Повторно како и во Скопје нерешлива енигма за нападот на „црвено-црните“ е голманот Миклер кој одбрани 11 шута.
Вардарци играат анемично и без решение во нападот. Во одбраната тренерот Раул Гонзалес во текот на првите 30 минути комбинираше со двајцата голмани Штребик и Ангелов кои вкупно успеаја да фатат само три топки.
Повредата на Лацковиќ во раната фаза од мечот ги поремети плановите како во одбраната така и во нападот. По повредата на Горбок и на Лацковиќ на бековската позиција од левата страна останаа само Филип Лазаров и Растворцев.
Да се надеваме дека во второто полувреме Вардар ќе заигра понагажирано и резултатски ќе се доближи до големиот противник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.