| четврток, 6 декември 2018 |

Џастин Тимбрлејк го исмеваше Уго Чавез

Емисијата беше еден вид пародија, па Џастин, имитирајќи го Елтон Џон, отпеа нова верзија на песната „Светлост во темнината“, во која беа вклучени детали од животот на Чавез кој владееше со Венецуела 15 години

Популарниот пејач Џастин Тимбрлејк во емисија на тв-каналот „Ен-би-си“ посветена на Уго Чавез, претседателот на Венецуела кој почина минатата недела, му се потсмеваше.

Емисијата беше еден вид пародија, па Џастин, имитирајќи го Елтон Џон, отпеа нова верзија на песната „Светлост во темнината“, во која беа вклучени детали од животот на Чавез кој владееше со Венецуела 15 години. Оваа песна „Светлост во темнината“ Елтон Џон ја напиша за британскта принцеза Дајана која трагично го загуби својот живот во сообраќајна несреќа.

jastin

„Ми се чини дека живееше како свеќа на ветерот, ако свеќата може да повлече два пиштоли на конфренцијата за печат…Рече дека Америка предизвикува земјотреси, ја забрани Кока-колата…Помогаше твојата земја да го зема светскиот капитал….“ пееше Тимбрлејк меѓу другото.

Во емисијата учестуваа и други ѕвезди како Том Хенкс, Стив Мартин и други, пренесува британскиот весник „Дејли мејл“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top