Според поранешниот претседател на Чешка, Вацлав Клаус, постои нова студена војна, која не ја предизвика Русија, туку Западот.
– Мене ми е тешко на таков начин да ја оценувам ситуацијата, но се плашам дека трагедијата на Украина беше искористена за почеток на нов конфликт меѓу Западот и Истокот, што не требаше да се случи, вели Клаус во интервјуто за телевизијата „Дожд“.
Додал дека Западот го искористил внатрешниот украински проблем и руската реакција била само одговор на ситуацијата, а не причина за проблемите.
Клаус, посочил дека решавањето на конфликтот треба да се базира на преговорите меѓу Киев и бунтовниците и тоа во Украина.
Истовремено, Клаус навести дека смета на распаѓање на Украина, што се очекуваше уште кога земјата ја нарече вештачка творба.
Ставовите на Клаус се слични на оние на актуелниот чешки претседател Милош Земан, поради кои деновиве беше критикуван.
Земан украинската криза ја смета за внатрешна, а не диригирана од Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


