Поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус изјави дека постокомунистичка Украина најмногу потфрлила во политичката, економската и социјалната транзиција и ги отфрли тврдењата дека Русија е виновна за тоа.
– Таму не се случи ништо од тоа – изјави Клаус на предавање на Паневропската висока школа во Братислава.
Клаус укажа и на актуелните проблеми во Украина.
– Земјата е поделена, има два народа, кои не се баш пријателски настроени едни кон други. Земјата е кревка и не функционира. Доколку таков кревок ентитет е удрен од југ или од север, тогаш таквиот ентитет се урива – појаснува Клаус.
Тој ја исклучи вината на Русија за актуелните тешкотии во Украина.
– Расправата за ситуацијата источно од нас не е дискусија за Русија. Тоа е дискусија за Украина – наведе Клаус.
Тој изрази загриженост поради ситуацијата во Украина.
– Ситуацијата во таа земја ме растажува. Тоа е најголема дестабилизација на надворешната политика во изминатите 25 години – забележи Клаус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



