-Русија нема одговорност за кризата во Украина и земјата со тоа сама треба да се справи – изјави поранешниот претседател на Чешка, Вацлав Клаус.
Тој истакна дека украинската криза не е увезена.
– Украина е полураспадната држава. Држава поделена на две. Земја што не може да го реализира преодниот процес од тоталитаризмот. Кога беше притисната од Западот, кој бараше одговор во која насока сака да се движи – на исток или на запад, таа не беше подготвена да одговори. Европската унија и САД, како и Русија треба да ја остават Украина самостојно да ги решава своите проблеми – посочи Клаус.
Тој истакна дека Западот е одговорен за заострување на украинската криза.
– Трагичните настани во Украина се должат на поддршката од страна на САД и на Европската унија за киевскиот Мајдан. Од гледна точка на долгорочна перспектива тоа е лоша политика – наведе Клаус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина