| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ го обвинува Јакимовски дека ги користи децата во кампањата

СДСМ тврди дека на училишната зграда во ОУ „Вера Циривири Трена“, во Карпош 2, осамнал билборд на кандидатот на Српска напредна странка Стевчо Јакимовски, во сред училишниот двор.

stevco jakimovski

СДСМ го обвинува Стевчо Јакимовски, кандидатот за градоначалник во скопската општина Карпош дека ги злоупотребува децата во својата изборна кампања. Според СДСМ тој поставил билборд во едно училиште во таа населба и им делел постери на децата.

СДСМ тврди дека на училишната зграда во ОУ „Вера Циривири Трена“, во Карпош 2, осамнал билборд на кандидатот на Српска напредна странка Стевчо Јакимовски, во сред училишниот двор.

– По реакциите на родителите дека во училиштата на децата им се делат постери на кандидатот на Српска напредна странка и по инцидентот со поставување на билборд во сред училиштен двор, СДСМ бара од наставниците во Карпош да ги заштитат децата од политичката злоупотреба која ја прави овој “отпораш на батерии” изгубен во својата болна амбиција да ја задржи фотелјата по секоја цена, предизвикувајќи штетни последици на психолошкиот развој на децата – се вели во писмената реакција на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top