| четврток, 6 декември 2018 |

Слаткар ќе брка кариера во Бугарија (ВИДЕО)

Марко Маринковиќ- Слаткаристика вчера ја промовираше новата песна „Бумеранг“ и видеоспотот за истата.

Музиката и аранжманот се дело на  Ивајо.

Видеоспотот се снимаше во ромското гето Филиповци во Софија, во продукција на „Facing The Sun“ и во соработка со „Иноватива груп“.

-í-+-¦-é-¦-¦-Ç-+-ü-é-+-¦-¦ 1

Видеото е снимано во еден кадар, без монтажа, со што Слаткаристика стана првиот интернационален артист кој влезе во мрежата на „Facing The Sun“ и во едицијата на таканаречените оne shot видеа.

Со оваа соработка Слаткаристика и „Иноватива Груп“ најавуваат многу новитети и соработки на интернационално ниво.

Слаткаристика до сега одржа неколку концерти во Бугарија, а во моментов се подготвува за настапите кои што се закажани за декември.

Тој е специјален гостин на концертот на Тајзи, следната сабота во Универзална сала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top