Централната прослава за пречекот на Нова година, Град Скопје годинава нема да ја организира на плоштадот „Македонија“ бидејќи таму во моментот има градежна зона.
Вечерта на 31 декември ќе се слави пред портата „Македонија“ и, најверојатно, за одржување на забавата ќе биде затворена улицата пред Собранието.
Ова е првпат пречекот да се одржува на друга локација.
Од Градот сѐ уште не откриваат кој ќе ги забавува скопјани за најлудата ноќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.