Ова се некои од познатите личности кои изјавиле дека не веруваат во Бога. Некои од нив себеси се гледаат како Господ.
На доделувањето на наградите често внимаваме на тоа како славните глумци се заблагодаруваат. Најчесто тие се заблагодаруваат на родителите, на публиката, на пријателите. Ретко кој му се заблагодарува на Бога. Еве некои од нив…
Анџелина Џоли
Во 2000 година таа изјавила: „Бог не треба да биде тука поради мене. Има нешто во луѓето што е духовно. Не ги правам работите затоа што луѓето така ми кажуваат, но, исто така, не знам дали е подобро да не веруваш во ништо“.
Бред Пит
Во 2009 година тој изјавил: „Јас, најверојатно, сум 20 отсто атеист и 80 отсто агностик. Мислам дека никој не ја знае вистината. Можеби ќе дознаете кога ќе стигнете таму, до тогаш нема смисла да се размислува за тоа“.
Ема Томсон
„Јас сум атеист. Претпоставувам дека можете да ме сметате дека сум некој вид анархист. Гледам на религијата со страв и со сомнеж. Не е доволно да речам дека не верувам во Бог. Верувањето многу ме вознемирува. Ме навредуваат некои работи напишани во Библијата и во Куранот“.
Џоди Фостер
Во интервју од 2007 година, Џоди изјавила: „Јас сум атеист, но апсолутно ги сакам религиите и ритуалите. Иако не верувам во Бога, во нашето семејство славиме многу религии“.
Џулијан Мур
На прашањето ако постои рај, што би сакале Бог да ви каже на вратата, таа одговорила: „Мислам дека грешите. Јас постојам“!
Морган Фримен
Во 2012 година бил прашан дали мисли дека Господ е измислен, тој одговорил: „Да. Дали некогаш некој видел цврсти докази? Она што го имаме како доказ се теориите од старите пророци. Сега, луѓето кои мислат дека Господ нѐ измислил, исто така мислат дека земјата не може да биде постара од 6 илјади години. Па, така, мислам дека тоа е прашање на верата“.
Хју Хефнер
Во 2012 година тој напишал: „Кога религијата, наместо разум, налага закон, не очекувај логика во својот закон“.
Кира Најтли
Кира е цитирана како изјавува: „Посакувам да не сум атеист, би можела да се извлечам со сѐ. Само би побарала прошка и сѐ би ми било простено“.
Хавиер Бардем
„Секогаш сум кажувал дека не верувам во Бога. Јас верувам во Ал Пачино“.
Даниел Ретклиф
Даниел изјавил: „Јас сум атеист, но сум многу отпуштен во врска со тоа. Не го проповедувам својот атеизам, но ги почитувам луѓето што го прават тоа, како што е Ричард Докинс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лоши денови до 22 декември, но на овие датуми Меркур ќе биде ретрограден во 2018
-
Што ви носат последните месеци од 2017-та година?
-
Кој ќе згреши денес, гревот ќе му остане до судниот ден: Црна среда им ги исполнува желбите само на добрите луѓе!
-
НХЛ ѕвездите дефинитивно нема да бидат дел од Зимската олимпијада во Пјонгчанг