Република Македонија има најниска даночна стапка во светот според извештајот „Пеинг таксис 2015“. Со стапка од 7,4 проценти таа се најде на седмото место од вкупно 189 земји опфатени во извештајот.
Оваа година, Република Македонија повторно го задржа првото место со натамошно намалување на стапката од 8,2 проценти на 7,4 проценти.
Времето потребно за плаќање даноци во Македонија изнесува 119 часа и е најкратко време во однос на земјите од регионот од Централна Азија и од Источна Европа.
Во однос на бројот на плаќања од земјите од регионот од Централна Азија и од Источна Европа, Македонија се наоѓа на шестото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


