| четврток, 6 декември 2018 |

Снежното невреме во Бафало однесе осум жртви

Бројот на жртви во силното снежно невреме што го зафати регионот на Бафало, во американската сојузна држава Њујорк, достигна осум лица, а за денеска се очекуваат нови снежни врнежи.

Остануваат затворени голем дел од патиштата, каде се напуштени илјадници возила, откако некои од возачите останаа заглавени два дена.

– Останете во своите домови, повика на прес конференција гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендрју Куомо. Тој, исто така, ги повика возачите да ја почитуваат забраната за движење, за да може да се расчисти снегот.

Во некои делови на Бафало снежната покривка достигна 1,5 метри за 24 часа, колку што вообичеано за цела година.

Според метеоролозите температурата нагло ќе се зголеми во недела, по што постои опасност од појава на поплави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top